и (сврз.) - заигра (гл.)

Невестата и зетот бакнуваа рака, гувееја, тураа ракија и вино, та дури и заиграа колку за адет и најпосле дојде саатот да останат и тие насамо. Со благослов од попот невестата си влезе во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го побарав скршениот молив од државната каса.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пуштив музика да се слуша до Влае и заиграв пред публиката моја – книгите, кои ми аплаудираа и ме викаа на бис, како да сум ги напишал јас сите.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Црнците ме разбраа и заиграа од радост.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)