и (сврз.) - дели (гл.)

Политиката е чиста математика – плус и минус, множено и делено, ти давам – ми даваш, ти барам – ми бараш, на крајот победува оној што знае што сака, па бара најмногу, а дава најмалку, особено ако е посилен од другиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на познанство јас не можев да ѝ купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и делам рубли лево и десно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Старији мора да се слуша! За кога чуваш, бре паре, кад Србија пропада?! Мешај карте и дели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не, јас сепак ѝ дадов рубла на старицата и ние во најлоши чувства седнавме да го гледаме филмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)