и (сврз.) - вади (гл.)

Та Илко носеше само ново откако умре Стојанка, и штом едни ќе се прокинеа, Митра ги оставаше настрана и вадеше од ковчегот други нови, што га беше донесла Стојанка, та одвај чекаше да се прибере некоја сиромашка и да ѝ го даде мажот и сета беља со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Верка веќе заспала. Корилче го отвора долапот и вади отаде смачкан фес и книжна маска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И продолжи како и порано да го тера своето, понекогаш стануваше кроток, мирен, а понекогаш одненадеж избувнувајќи и вадејќи нож.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овој малиот е на него. (Му брка во пазувата и вади пиштолче) Гледаш, уште од сега пиштол во појасот ставил.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Рицман е силен. Го симнува кловновскиот минијатурен цилиндар од своето голо теме и вади од него многу шишиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Трчај, ќе видиш! (Префрлува во куферот и вади златен саат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Како било тоа, не е тоа лаф! (Бара и понатаму и вади пред себе еден чифт женски чевли, еден златен прстен и еден чифт женски копринени чорапи.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Дај ги парите, вели, и вади сѐ што имаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во пазувата и вади писмо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Потајно се радувале што тие луѓе од она село чие име тешко се запаметува им го донеле од шума попот: светците на манастирските ѕидови изгледале повесели кога од олтарот доаѓале во густи и бавни бранови свештенички песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смеел збунето шмркајќи и со кисела плунка во устата и Адам Лесновец оставајќи ја ластегарката и вадејќи го од појас чеканот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не забележа дека, спротивно на домислената поговорка, несвесно ја отвори кутијата (за среќа, не Пандорина) и вади цигара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги разурнуваа изгорените родни огништа и вадеа што не можело да изгори: лопати, мотики, копачи, синџири, пирустии и сѐ друго од железо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ФЕЗЛИЕВ: (Гледа извесно време во насока каде што излезе Иван. Потоа, посега под столот и вади шише со ракија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кој бега од крстот, вели, бега од бога, бега кај ѓаволот, вели и вади кесе тутун жолт, жолт како дукат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ево je, вели Јоле и вади едно шише од под масата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)