зашто (сврз.) - брза (гл.)

Не дека тоа го сметаше за примитивно, колко што му доаѓаше некако природно, зашто брзаше да прикасне што и да е, само да го смири гладот во желудникот: конзерва риба, сирење со леб, вчерашна манџа, а еднаш најде во едно тенџере нешто како пудинг, па му додаде шеќ ер колку да го пролапа, а после жена му вџашена му рече дека ѝ го изел колото за белите алишта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас немав време да ја почувствувам во моментот сета гордост од ова признание - таа ќе настапи попосле - зашто брзав, и не мислејќи да исфрлам како без душа: „Господине, уште не дојде мајсторот за чевлите”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)