затоа (сврз.) - тој (зам.)

Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И врз тој факт на прифаќање (затоа тој, меѓу другото, е современ уметник) Граси гради една урбана акција, многу позначајна од вообичаените патетични плакатчиња што повикуваат на петиции и слично. 150 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа е смислата на хоризонтот, затоа тој е еднакво оддалечен од тебе и евентуално поширок.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби и затоа тој толку жестоко ќе им се спротивстави на европските лингвисти кои ја поддржуваа тезата за создавање меѓународни јазици, кои би ги замениле со јазиците на малите народи по број во Европа, посебно балканските кои се здобиле со слобода по долгата зависност?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа тој си беше „божја бубалчица“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)