заради (сврз.) - тоа (зам.)

На средбата, покрај тоа што го изразил задоволството од седум пати прочитаното дело, му забележал на писателот заради тоа што како причина за самоубиството на младиот Вертер, ја посочил навредата на неговата личност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И настрадал, кутриот, заради тоа што добро правел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На моменти помислував дека ме сака само заради тоа што личела на мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го условив дека ќе дојдеме ако ни го плати таксито до таму, само заради тоа што ме напна да отидам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дека ќе се убие, дека ќе го носам на душа заради тоа што го оставив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Лежев завиткан во чаршафот кој веќе мирисаше на пот и ја зголемував треската со нервозата што ја имав заради тоа што таа треска ми се јавува еве токму сега на почетокот од големата и благородна работа поврзана со бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпрвин не знаев дали тој тагува по тие што отидоа или заради тоа што тој и не е со нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ИЛИЈА: Знаеш ли ти дека вприквечерина се сретнав со него кај Антица, по еден случај, и се скаравме заради тоа што не ми ја даваше?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не заради друго, заради тоа што толку многу е измачена. Заради тоа што сакав да направам нешто, што и да е, само на неа да ѝ биде малку подобро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не помислувај дека јас, како и Бузо, со молчење ве одминав заради тоа што се плашам од него или пак го сметам за неразделен другар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше необична заради тоа што знаеше од сите риби да скока највисоко над водата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И најпосле, зошто да правам напори да се одржувам во животот по секоја цена? Заради тоа што треба да поживеам уште малку?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)