доколку (сврз.) - ѝ (зам.)

Тогаш лекарот се загрижил дека постои ризик од зависност, доколку ѝ даде појаки лекови како што таа барала.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Висината на судските трошоци во ниеден момент не ја поколебаа Костадиновска овој спор да го реши по судски пат – би- дејќи, откако ги исцрпи сите други начини, тоа и беше единстве- ниот начин таа да ги оствари своите легитимни побарувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во човечкиот живот доаѓаат многу болки, некои си одат, некои остануваат со нас сѐ до смртта, но само онаа прва болка е вистинската, сите останати болат преку неа, секоја следна болка е доволно силна само доколку ѝ се приближи на онаа првата, доколку има нешто сродно со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Костадиновска, која е добро информирана за своите работнички права, одлучно истакнува дека и во иднина, без двоумење, би тужела доколку ѝ биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мојата болка имаше име; мојата болка која беше сочувана во моите први сеќавања, на која се надоврзаа сите подоцнежни болки, го имаше името на мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)