доколку (сврз.) - ги (зам.)

За да го пронајдеме концептот ние треба значи да се загледаме во интенциите, односно, во свеста на изрекувачот. (Свеста значи станува некој вид на присутност.) Но што би нашле, доколку ги испитавме интенциите на изрекувачот?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ако би го побарале значењето на овие зборови ние само би добиле повеќе зборови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие мрчале надолго и широко ќе ви продаваат морал, а доколку тоа не би го правеле и би ги пуштиле на пазар да продаваат компир сигурно нема да продадат ниту 2 кила, но затоа доколку ги оставите пред МТВ би биле успешни проститутки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако тоа тешко се постигнува, доаѓаме до фактот дека таа е клучна во разрешувањето на проблемите, доколку ги има, односно одбегнување на нивно создавање- мислам како превентива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова се рото-релјефи, серија од дванаесет цртежи поставени врз оваа спирала, за употреба на фонограф, и доколку ги вртите со одредена брзина, да речеме 33 свртувања во минута, ќе добиете ефект на растечка форма, како конус или вадичеп.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Што сакам јас? Можеби ништо, можеби самјакот и нема желби или, доколку ги има, тие се поинакви од желбите што ја движат глутницата на неговиот видик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеме да учиме од метафизиката, но исто така, и од нејзините ограничувања, доколку ги согледаме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Телото најчесто делува врз духот со физички стимули, предизвикувајќи осети, перцепции, или доколку ги класифицираме осетите како психолошки настани, доаѓа до создавање на сеќавање (меморија).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сликата Маж, жена, љубомора и страст (Man, Woman, Jealousy and Passion, 1993), освен што упатува на некои „стилски“ одлики на американскиот поп-арт (во прв ред на сликите на Том Веселман), на прв поглед не открива некои покомплексни референци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, доколку ги сокриеме или отстраниме усните, како единствен детаљ кој ги одредува изразните одлики на некакво „лице“ на претставената фигура (детаљ кој како и да не ѝ припаѓа на сликата би­деј­ќи и самиот е направен од картон и просто залепен врз панелот), ќе ни се укаже и друга фигура сокриена поради „лицето“ на првата фигура, фигура нам свртена од грб.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делувањето на духот најчесто велиме дека се изразува преку волевата активност или донесувањето одлуки што доведу­ваат до тоа телото да реагира на одредени начини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мајкл Рифатер во една скорешна статија ги сумира апориите што стојат пред овие алтернативи кога забележува: „Доколку ја прифатите неодреденоста, текстот останува енигма; доколку ги отфрлите проблемите, текстот ја губи својата посебност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Полесно можеше да остане повеќе, доколку ги исполнеше условите да ѝ се продолжи визата, а тие не беа напишани никаде, туку зависеа од нејзиното „подобно” однесување, отколку да замине предвреме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)