додека (сврз.) - најпосле (прил.)

Крсте се сврте ничкум, ја кладе главата на голата земја и долго, долго се мисли, додека најпосле заспа за да се разбуди кај ужина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остана така со погледот низ окопот од каде што требаше да се врати Србин и со мислата на Брезница сѐ додека најпосле Србин не се појави со бовча. Пак не се помести од местото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пиеа и разговараа некое време, повеќето на заеднички теми, сѐ додека најпосле Ливајн не изрази желба да види како изгледа крајбрежјето под небо без ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Заморното во оваа појава што му ги дразнеше нервите беше тоа дека ова со кучешкиот измет се повторуваше секој ден додека најпосле, по три-четири дена, кучето не липса.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби педесетина пати се крена и се спушти, додека најпосле и се предаде на умората.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го раскрвавив, ама тој не застана додека најпосле не успеав уште еднаш да го удрам по глава, ама овој пат салам го удрив и падна. Се скроти мајчиниот...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во прво време повеќето дури беа и задоволни сѐ додека најпосле не видоа колку скапо им се фаќаше тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа Турчинот дење-ноќе ја кандисувал додека најпосле, на третата година, не се согласила.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
XIV Ноќта дојде полека,смрачено, ѕвездите на небото се појавуваа скржаво, додека најпосле мракот не почна да се сталожува, а светлината на ѕвездите да го притиска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)