додека (сврз.) - внимателно (прил.)

Околу нејзиниот дворец, - продолжи таа додека внимателно и со мака се искачувавме по тесната патека што водеше низ карпите крај езерото, - течела брза и бистра планинска река со многу златни риби во неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја гледав и молчев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама пеглаше во кујната а јас седнав на моето столче и како секогаш со дланките си ја потпрев главата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Имаш нешто да ми кажеш?“ запраша мама, додека внимателно пеглаше една кошула на тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)