додека (сврз.) - сам (прид.)

Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пее, како и на почетокот од овој дел, додека сам стражареше: „Не плачи, мило либе, не жали Јас пак ќе се вратам...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
159. Незадоволството на Мисирков од „македонските пишувачи” од XIX и почетокот на XX век може и да се разбере, но несфатливо е како не можел да ја согледа појавата барем на еден В.Чернодрински, чии дела беа печатени или претставувани на сцената и пред напишувањето на книгата „За македонцките работи”, додека самиот Мисирков беше негов личен познаник.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Актуализацијата на виртуалното е сингуларност, додека самото актуално е конституирана индивидуалност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)