додека (сврз.) - свет (имн.)

Додека светот ни крои зло, среќата наша расте кај Антица и после пет месеци таа ќе излезе и ќе викне: тате, мамо...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Камбаните да бијат и кандилата да светат додека светот светува, додека векот векува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека светот не можеше да ги разреши своите дилеми, мистерии и мизерии, Клара знаеше дека сè дури го повторува судбоносното: veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ..., таа ќе ја реши сопствената. И така од „ВД” стана - „ВИЦЕ”!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)