додека (сврз.) - мама (имн.)

Ми раскажуваше тато, кога сум била две години: додека мама и тате работеле на нива, мене ме оставиле под една сенка во тревата, три четири змии се собрале, околу мене, дошле многу блиску, мирно ми лазеле покрај нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Машките разговори продолжија и дома - пред телевизорот - додека мама Злата и Мими подготвуваа новогодишна трпеза.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како малечок, додека мама ми сошиваше копчиња или ставаше некаква закрапа на панталоните навлечени на моите нозе, ме тераше да го држам прстот во устата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ЉУБА: Не знам... Јас го набљудував твоето лице, додека мама ја читаше онаа своја приказна, и мене ми се чинеше, сфаќам за што ти мислиш и колку се чувствуваш самотен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме чувала додека мама била на работа, не се согласила да ме носат во јасли и градинка - како што ги носат другите деца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)