додека (сврз.) - време (имн.)

А дотогаш, додека времето не ја донесе вистинската приказна за тоа како станало Бошевото заминување од Потковицата, кој бил татко ѝ на Драганка и од кај им биле парите на Јанческите, многу поројни води протекоа низ Голема Вода и многу нови патчиња разгазија потковичаните по ридиштата и низ полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во врска со тоа, од кај им се парите на Јанческите, додека времето не ја донесе вистинската приказна, во две различни времиња во Потковицата заживеа една иста приказна, но во две варијанти и со две различни главни личности.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека времето во градината Се престорува пупки, цветови, Или пеперуги што брзаат да овенат Ти си собирачот на пламења од булки И тоа на патека што ти ја подметнале.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)