додека (сврз.) - ми (зам.)

„Да го повикам?“ Климнав потврдно со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нели и самата заклучила, и тоа дури во Поштата, (додека ми телефонираше) дека и покрај сите подготовки излегла од дома несоответно дотерана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој глас беше на медицинската сестра која требаше да остане со мене сѐ додека ми беше потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби е така, како што меѓу животот и смртта има само едно влакно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бескрајно ти благодарам додека ми велиш дека меѓу сонот и реалноста имало само едно влакно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)