додека (сврз.) - шета (гл.)

Ова ми се деси еднаш додека шетав по бесконечните рафтови...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И Змејко не еднаш можеше да види, додека шетаа по оние големи дуќани и додека разгледуваа сѐ што имаше таму, како една рака се изделува од нивната китка и посега таму, каде што не ѝ беше местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира, овој мој суд беше воопштен, дури се сеќавам оти тогаш помислив дека таквиот суд не се однесува ниту на тројцата демобилизирани партизански команданти, ниту на ситното човече кого на галено го викаа крлешче, а најмалку пак на нас двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку, размислував за тоа дека луѓето стануваат поумни додека шетаат помеѓу мртвите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поумни одошто обично - додаде Катерина малку подоцна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека тој ден, пред да се разделиме, му реков: - Пријателе, сè ми се чини дека луѓето, додека шетаат по земјата, сепак не се ангели!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кој би претпоставил таква еколошка катастрофа, додека шета низ кејот во Струга, непосредно по истекот на реката Дрим од Охридското Езеро?!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Додека шетам по Пасажот опседната сум од помислата дека поминувам низ сенките на луѓето што ми беа многу блиски а едно утро наеднаш исчезнаа, ги снема.. Мислам на моите Евреи..
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еден ден, додека шетав по Калемегдан, сосема случајно погледот ми падна на еден светкав предмет во тревата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога по неколку дена повторно го облеков истото сако, ја напипав обетката во џебот, првин се изненадив од каде таа таму, а потоа наминав во „Милениумски базар“, кај златарот- јувелир, кој ми беше школски другар. – Од каде ти е ова чудо? – ме праша тој. – Го најдов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)