додека (сврз.) - стигне (гл.)

Ајде, народе, одврзвајте учкури и напред да го извајме инаето! - викна дедото Наќе и додека стигна до ѕидот, си ги измоча пачовиците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не прашувајте ме колку камења откорнав, додека стигнав.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
XXII И излезе Јагулче Дримски, со неизвесноста на денот, крај реката, со надеж да му се избистри умот додека стигне до седиштето на Партијата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)