додека (сврз.) - работи (гл.)

На новото работно место над Митревски постојано е вршен притисок и е малтретиран од страна на закупувачот, кој контину- ирано му нагласува дека „ако не сакаш да работиш на начин како што ти е наредено, слободно можеш да си дадеш отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платата што Митревски ја примаше додека работеше во хотелот е фиксно утврдена на 8.000 МКД, а дополнителната ноќна работа и прекувремените работни часови воопшто не му се плаќаат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сè уште често навраќаа во Фектори, чисто заради шњурање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едно попладне, додека работев некои сита со Џеки, видов како Лу одговара на телефон, а потоа слушалката му ја дава на Сребрениот Џорџ кој се претстави: „Да, овде Енди Ворхол”. што се однесува до мене, тоа беше во ред.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
“Го запознавме додека работеше како куќна помошничка кај Криси Шримптон”, ми кажа Ни­ки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мик Џегер беше Дејвидов и Никиев пријател и отседнал во Никиевиот стан на Источната улица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А то­гаш таа се вљуби во него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само на фабрика, за времето додека работиш, не!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури кога поминале некои од нив да служат во новоизградениот хотел во градот а другите во куќата за разонода на И. Мали, јас сум се нашла во полето, близу до ќерамидницата, но кој ме довел таму и со каква цел останува да се разреши во некое друго време кога на вистината ќе ѝ тргне од рака да ја намота измрсената преѓа на настаните во чист здрав клопец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги обрежував ресловите а момчињата на колички ги разнесуваа по сушалните готовите ќерамиди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Понекогаш додека работевме пеевме - рече - а преку зимата калапев тутун. Работев и во Ќерамидницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во својата работилница складираше жолти тикви, пругави тиквички и лејки зашто уживаше да гледа во нив додека работеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Велиме господари, зашто за сето време додека работеле во визбата тие при себе веќе имале определена количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
6 Луj Фердинанд Селин АРГО ГОВОРОТ Е РОДЕН ОД ОМРАЗА Трињол случајно го сретнав, еден единствен пат во животот, помеѓу 1939 и 1940, додека работев како лекар во диспанзерите во Сартрувил и во Безон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден ден, тој влезе во канцеларијата на градоначалникот, сигурно по некоја политичка работа, личеше на тип од изборен штаб, по малку вџашен, и изгледаше дека баш и не е среќен што ме гледа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако Зигмунд ќе заминеше во училиште, моите сестри излегуваа во дворот зад зградата, а јас останував близу до мама, ја гледав како работи, гледав во нејзините раце и нејзиното лице додека переше, додека го рибаше подот, додека крпеше, везеше, готвеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дома беше тивка и малку како збунета, но подоцна додека работеше беше брза, ефективна, даваше многу свои идеи кои како некое чудо од некаде извираа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ваков чај се служеше два до три пати додека работеа Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа тој внимателно се задржа и на заемките на турцизмите кои сѐ уште се употребуваа и кај христијанското и кај муслиманското население на Балканот, како што се: ѓум, ѓумче (од турски gm); матара, чутура (арапски matara); кофа, кова (од турски kova); шише, стаклен сад за вода и разни други течности (од турски şişe); ќуп, земјен сад за вода, масло, туршија, пекмез и друго (од арапски kr); филџан (за кафе, млеко или чај), (од арапски filcan); казан (од турски kazan), аван, сад за толчење од камен, дрво или метал, се употребува и за тутун (од турски avan); ѓевѓир, цедилка (од персиски kevgir); тенџере, сад за готвење со капак (од турски tencere); тава, земјен сад во кој се вари или пече јадењето во фурна или под сач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка го следеше со погледот, со кој го испраќаше додека работеше во Архивот со сиџилите пред да се пензионира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На сон или буден, додека работиш или јадеш, во затворен простор или на улица, во купатило или в кревет - нема спас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)