додека (сврз.) - постои (гл.)

Го расчешнуваше во многу недовикнати и извишени слогови, но сеедно го продолжуваше, без прекин, сѐ додека постоеше глас, што можеше да биде извикан, сѐ додека место глас грлото не почна да му точи пренапната бол.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
60. Претскажувањата на Мисирков се исполнија – ако се има предвид СР Македонија, но тоа ќе постои како прашање сѐ додека постои поделеноста на единствената земја и единствениот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)