додека (сврз.) - поминува (гл.)

А можеби ме имаше и замразено поради работата што мораше да ја извршува изложувајќи се на сите оние неволи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јун Јианг не можеше да продолжи со своето испрашување; но три години подоцна, кога повторно талкаше кон Истокот, додека поминуваше покрај шумата Сунг случајно го сретна Хонг Минг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А познато ни е, нели, дека додека поминуваме низ таа запенета доба нам ниту ни тежат годините ниту ни се чинат како планини недоодните проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем, најдобро е секој да си ја брка својата работа и да не му обраќа внимание на оној, другион, како да ми нашепна натрапникот додека поминував покрај него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)