додека (сврз.) - пишува (гл.)

…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А таа вистина е работа на љубовта и полицијата, на уживањето и законот -во ист момент. 34 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најдобро се чувствува кога додека пишува истовремено е обземен и со некоја друга работа, но така што таа работа да му дозволува кога сака и како сака да ја напушта за да му се врати на пишувањето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што „заложуваме“ од самите себе додека пишуваме? 4 Токму го споменував „залогот“ или „заложувањето“ на себе во некоја чудна автобиографија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И каков е врвот на тој напредок?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека пишував за монадата, имав на ум слика на студент кој постојано работи на својот компјутер, сосема изолиран социјално. Weizenbaum- овата критика на ова е во ред.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе започнеме со два подолги цитата, што според мислењето на авторот на овој спис, соодветно изразуваат и осветлуваат некои карактеристични моменти од живата, жешка и често конфликтна дебата за значењето и ефектите на популарната култура. а) “Замислете си тринаесетгодишно дете како седи во дневната соба на семејниот дом и додека пишува домашна работа по математика слуша со слушалки на ушите вокмен или гледа MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)