додека (сврз.) - може (гл.)

Една владејачка група е владејачка група сѐ додека може да го наименува својот наследник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш беше тепан сѐ додека можеше да стои на нозе, потоа фрлан како вреќа со компири на камениот под во ќелијата, оставан неколку часа да се соземе, а потоа повторно одведуван и тепан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги стегаше забите и дишеше длабоко на нос, настојувајќи да молчи додека може.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Решија да не се даваат додека можат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Иако при читањето книга ја држев сѐ подалеку, не попуштив и храбро, додека можев се соочував со буквите директно, без помош на некои си таму диоптри и умбрал стакла.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А и ти, додека можеше, миеше, пред празник туѓи куќи!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
БОЖАНА: Што сум јас крива, та така ми зборуваш?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Татко ми, кого мама многу не го поднесуваше, Господ да ги прости и обајцата, знаеше да ми каже: - „Петренце, животот е краток, уживај додека можеш“ – се сепнува – Чекај, Лулупешку, не си определен да размислуваш, ами да дејствуваш (пребарува по џебовите) - Каде ли го оставив? Тука не е...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сѐ додека можеше да се гледа, сѐ додека можеше да го поднесува влажното студенило на ноќта, седеше на трупчето, пред колибата, со пушка преку колената.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Убав ден ти посакувам – ме погали по косата кога стигнавме во мојата соба и јас потоа долго стоев на прозорецот, сè додека можев со поглед да го следам неговиот шарен и сјаен килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев сигурна дека и Ивана ми мавта од малото авионско прозорче, иако не може да ме види од таа височина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мавтав долго, сѐ додека можев со очи да го следам авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мислев, заблуден, дека се раѓаме на овој свет за да работиме, сиве ние, дека живееме само додека можеме да го правиме тоа, да создаваме, а после, кога не ќе можеме да продолжиме со тоа, тогаш си одиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека можеше да станува Трајко одеше во кујната.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Цел живот се бореше со болеста. Никогаш не се пожали.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Ќе го криеме Црни додека можеме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па така се случило најлошото: додека бевме на училиште, шинтерите дошле со кола, ги фатиле Џеки и Белчо, ги пикнале зад решетки и никогаш повеќе не ги видовме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ако пак ни се случи како со Џеки и Белчо?“ воздивна Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ѕид ѕидосан, вар варосан - умот трпи сѐ додека може да поднесе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Баба ми, додека можеше, доаѓаше да ме зема, но подоцна не можеше од работа, па јас по цел ден се прпелкав на гробот и понекогаш таму заспивав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)