дека (сврз.) - цврсто (прил.)

Но, најпрво ќе морате да ми ветите дека цврсто ќе верувате во сè што ќе ви речам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Само знам дека цврсто го прегрнав татко ми кога ме пренесуваше заспан во мојот кревет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По првиот истрел, Бојан сфати дека цврсто ќе треба да ја држи пушката в раце, зашто не знаејќи дека при истрелот таа се затресува, Бојан лесно можеше да ја испушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)