дека (сврз.) - тукушто (прил.)

А пак трети други велат дека е многу, многу рано да почне да се открива историјата на неписмените и да му се угодува баш во сè на Умберто Еко.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Помина и еден човек кој другему му објаснуваше дека тукушто се враќа од масажа (а на масажа, нели, одат само оние од големото добро утро).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)