дека (сврз.) - сосема (прил.)

Општо е познато, како во научните, така и во филозофските кругови, дека проблемот за односот на духот и телото можеби и не може да биде решен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Денес малкумина веруваат дека сосема јасно може да се поткрепи идејата дека менталните процеси се нефизички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тогаш, 1965-та година, тој објави дека се повлекува од ликовната сцена и дека сосема ќе се посвети на филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гламурот и начинот на кој тој се создава беше постојан предмет на неговото внимание.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поп-артот јуришаше напред, а Ворхол го зазема местото на главен стратег.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или сепак ќе подрече дека станува збор „само уште за една од неговите убави слабости!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако ја прашате сигурно ќе ви одговори дека сосема ништо не и значи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никого да не викаме! – но и вака изречени зборовите веројатно зазвучиле како да си префрлам, како да се прекорувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам дека сосема сосема тихо забележав: -Можеби навистина требаше да се придржувам на желбите на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, шегата никогаш не е во расчекор со нејзините размислувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да кажам дека ме чудат луѓе на кои навистина им се допаѓа филмов, а демек ги навредува тоа што некои од нас сметаат дека сосема му стои звањето – најкампест филм на сите времиња!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Станував сè понеспокојна, понестрплива, свесна дека сосема ќе се измени целиот живот во нашата куќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми се чини дека сосема погрешно сум ја искажала својата љубов – како потреба да направам сè што би им помогнало на моите најблиски, и во тоа покажував толку голема усрдност што вам ви изгледало принудно, дури насилнички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За секоја сигурност, продолжив да одам уште два-триста метра, направив еден голем круг околу мини-маркетот и откако се уверив, дека сосема ги заметнав трагите дојдов пред “мојата” зграда).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можам да дадам чесен збор, кога ја видов сета таа илуминација и радост, јас сторив изглед дека сосема не ја забележувам најневината итрина и сентименталните, простодушни обиди на градската управа да го украсат моето прво доаѓање во големиот непознат град...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бројни се дипломатите, кои на овој начин ги откриваа непријателските замисли и потоа ги оневозможуваа; бројни се воените раководители, кои со истата метода ги добиваа битките или навремено бегаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ионака мене некојпат ме обвинуваат дека за своите заслуги мислам повисоко отколку што тоа го бара обичната скромност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За да ми верувате дека сосема буквално се држев до договорот за тајноста на моето користење на станот, ќе ви кажам како се натерав не само да бидам илегалец туку да се чувствувам како таков.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се надеваме дека сосема бргу ќе видиш во што е работата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се раскажува дека сосема неодамна пристигнала молба од еден капетан – началник на околиска полиција, не се сеќавам од кој град, во којашто тој јасно изложувал дека исчезнувале државни одлуки, а дека неговото свето име се спомнувало апсолутно без никаков повод.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе Ви раскажам со неколку збора; но, пред да почнам, дозволете да Ве предупредам дека се работи за случај што бара најголема тајност, и дека сосема веројатно би ја загубил работата кога би се дознало оти сум се доверил некому.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ширината на зафатот е толку голема што се чини, дека со една малку позадлабочена анализа, авторот би можел од секое поглавје да изработи по една книга.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби еден од главните приговори кон оваа книга би бил дека многу нешта загатнува а дека сосема малку од нив успева да ги објасни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веќе чувствуваше дека сосема ќе пропадне во таа длабочина. Во тој процеп. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само сакала да ми ги прикаже предностите со кои ја надарил животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми одговори дека сосема заборавила на покојниците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Игбал се загледа некаде далеку, кон високите врвови на планините од другата страна на езерото, кон оваа страна каде што очигледно се наоѓаше неговото село, ама не се гледаше, и мене ми се чинеше дека сосема заборавил на моето присуство, кога неочекувано проговори: - Само тие што ќе научат да летаат успеваат својот живот да го направат како што би сакале да биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)