дека (сврз.) - речиси (прил.)

Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ален Вотс (Alan Watts) смета дека речиси нема разлики во квалитетот на природното и со дроги предизвиканото доживување, само што дрогите можат да го забрзаат доживувањето и дозволуваат можност за манипулација и претерано исцрпување на невронската активност на мозокот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 149
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Велат дека речиси секој жител на градот барем еднаш неделно поминува по неколку часа во ладовините на оваа планина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Па, јас не исчезнав! Знаете дека речиси година дена бев во Америка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не е значи случајно тоа дека речиси во сите пост-комунистички земји постои тенденција за отстранување на жените од работното место и повторно враќање во семејството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој знаел дека речиси сите уапсени немале врска со солунските атентатори, но го знаел и тоа дека голем број од нив имале врска со Македонската револуционерна организација, иако немал конкретни докази да ги испрати на суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мојата теорија е дека речиси сѐ што се развива, може да изгледа прекрасно. Апсолутно исправно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Добро е што ништо не е симнато од нивниот вагон, ама кога во еден замав ја качува својата снага во отворот на вратата, открива дека речиси сите се будни, облечени, прибрани.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како да не бил никогаш во Цариград Знаев дека речиси во текот на целиот живот ми остануваше потрагата на татковата тишина како облик на живеење, на откривање моменти од неговиот живот кои засекогаш останаа отворени дилеми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Забележа дека речиси се стемнило и го слушаат само неколкумина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зар да го осудиме принцот на Честољубието Ние што знаеме од најрано детство Дека речиси на сите паметници на великаните Високо кренатата рака од бронза Иако празна нѐ храни со надеж!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Чувствував дека речиси никако не можам да се совладам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко ми, во други времиња, од старите книги, собирани од сите страни на Балканот и од другите земји, ни пренесуваше дека речиси сите народи на Балканот својот живот им го должат на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во овие мигови на чекање таткото и синот се потсетија дека речиси пет месеци се немаат цидено, откако се песелија... пер месеци.... колку многу работи се случија...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Она, дека речиси ништо од нејзината приказна не ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)