дека (сврз.) - одвај (прил.)

- Разбрав - викна Циљка колку што можеше погласно, а ѝ се пристори дека одвај прошепоти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Морам да признаам дека одвај се воздржав да не му плеснам една чаша в лице.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Време има, но пари нема. - продолжи нервозно Ружа, сама со себеси - Па не ли гледаш дека одвај врзуваме крај со крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќерко, бери памет, знаеш дека одвај успеав да го убедам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистина беше дека одвај го дочекувавме да се врати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Лудвик не сакаше ништо да појадува; рече дека појадувал во возот и дека одвај чека да одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш тој почувствува дека тоне, исчезнува, и дека одвај ја задржува и нејзината омлитавена снага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ми се стори дека одвај чекаше да побарам такво нешто од него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни мајка ми немаше против, иако обично двајцата одбиваат да ми дозволат заедничко спиење во нивниот голем кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лири вели дека одвај чека да види дали тие неверојатни можности значат дека по смртта навистина постои живот, и објаснува дека отсекогаш го привлекувале искуствата на мистиците и визионерите кои тврдат дека ги доживеале искуствата на блиска смрт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сакав да запишам дека одвај чекам да ја видам Снеже - цело лето не сум ја сретнал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Појдовме кај Пена на Танаско да призниме како се имаат сместено и снегот нè начека на сред плоштад и како што паѓа пороен дожд, така се истури одеднаш снегот. Ѝ кажа дека додека стигнале пред Фестивална снегот нагнетил скоро две педи, а и тоа дека одвај ја пронашле Пена на Танаско оти котарче си заградиле меѓу два ѕида од надворешната страна на Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И реков faleminderit,28 но, не сум сигурен дали добро го изговорив зборот, зашто никој од насобраните ништо не рече, само сомнително мрдаат со глави, молчаливо стојат, со гумените опинци ја копаат и ја бришат земјата од под нозе и ми се чини дека одвај чекаат кога ќе нѐ снема од пред нивните очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)