дека (сврз.) - долго (прил.)

Еврејката Нилика, во овој ист, за жал исчезнат во Земјотресот Пасаж пред да замине за Израел ми беше рекла дека долго избегнувала да шета по Пасажов за да не се среќава со спомените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да сфати дека долго ќе мора да гледа на овие ридови кои треба да им станат кошмар и на јаве и на сон.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не ѝ приговори на ќерка си, знаеше и сама дека долго не ќе можеа да останат во она подрумче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не проценувај го со гнев, со мртво срце, и знај дека долго боледува пресаден.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гледаше како денот полека се излачува од муграта.  Му дојде в глава помислата дека долго не бил во синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)