дека (сврз.) - денеска (прил.)

Кога се поврати од бунилото, сиот испотен, како да претрчал планини и планини, и додека си ги собираше душата и силите, наеднаш сфати дека денеска можеше да биде убиен; во гневот заборавил да ја наполни пушката и така, со празна пушка, се истопори пред Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Знаеш дека денеска и малку порано излегов од работа, морав да тркнам до Качарево да го доорам она парче што ми остана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас на децата веќе им раскажав што сака да прави Петре Питропот и дека денеска, кога татковците и дедовците ќе се повлечат од црквата во тремот, ќе се договараат за тоа; дека моите мене и Николчета, сакаат да нè пуштат да учиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вака јадосан беше сигурен дека денеска во кафулето каде што ќе оди на едно еспресо, на онаа келнерка, ако е на смена, конечно ќе ѝ рече: „Моме, чудесно ти е газето!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ПАНДЕ: Што ќе купи, дуќаните затворени. Ти заборави дека денеска е недела?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ова можеби важи само за луѓето кои ги знае Сандерс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, можеби покажува дека денеска нештата сами си се средуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Ваквото играње [активни/пасивни] улоги, како строга разграниченост, изгледа сè повеќе го снемува“, додаваа, уверувајќи си ги читателите дека денеска „повеќето геј-мажи би го отфрлиле“ таквото играње улоги „како ’застарено’ и ’неослободено’“.68 ‌Само осум години порано, во 1969 година, Вајт беше на една многу поинаква линија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кажуваат дека денеска пристигнале на скопската станица, дека не се само тие, моето семејство, туку дека има многу вагони полни со семејства.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На заштитничката Богородица ѝ кажаа дека Пела веќе цела недела оди на училиште, дека ја засака учителката, а од учителката добива само пофалби, дека денеска ќе имаат сè најубаво за себе а и за некој гостин ако помине низ нивната куќа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Помина телалот рано-рано и објави дека денеска во шест часот по турски, на пладнина, ќе бидат погубени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Еден поп и еден мирјанин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога гостите го погледнаа со дисторзирани очи, сфати дека денеска не смее да смета на бакшиш. 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)