дека (сврз.) - далеку (прил.)

Се чинеше дека далеку е погребот, дека никогаш нема да се случи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последните зборови од извештајот ме згрозија и ме потсетија на тоа, дека далеку на север постоеше едно собирно место каде луѓето ги ослободуваше трудот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сфативме дека далеку сме од нашите места и кога по железниот пат затракаа железните тркала на возот, сфативме дека одиме сѐ подалеку.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сè што чув ме водеше кон заклучокот дека далеку повеќе е можно да се регистрираат последици кај другите луѓе отколку судири и напади предизвикани од црните луте.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)