дека (сврз.) - стар (прид.)

Разбраа дека стариот султан умрел и не знаеја што ги чека од новиот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ханка насети движење во дворот, набрзина стана, се приближи до прозорецот и се насмевна кога виде дека стариот пес, што заеднички го хранеа со комшијата Боро Симески, уморен се прибира во дворот и се свиткува крај коренот на кајсијата за да ја мине ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се зборува дека старите Нивичани во минатото живееле од циронките што ги продавале и во најоддалечените села во леринско и костурско.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)