дека (сврз.) - главен (прид.)

Особено подвлече, дека главната личност во пиесата, протата, е од Витолишча, поповиот Крсте, на чие име истури една торба пофалби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко беше свесен дека главниот удар му го зададе токму Мирон Донски, уште при првата средба, што беше можеби и причината за неговата болест.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По изведувањето на сите докази, двете странки, почнувајќи од ту- жителот, имаат право накусо да му се обратат на судот со заврш- ни зборови, со кои се резимираат правните и фактичките аспекти на предметот (чл. 289, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога советот смета дека предметот е расправен така што да може да се донесе одлука, претседателот на советот ќе соопшти дека главната расправа е заклучена, а потоа советот ќе се повлече на советување и гласање заради донесување одлука (чл. 290, ст.1 од ЗПП). 5.  Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август [и ова се смета за „време кога судот не работи“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се извлечка од селото, но не ги напушти згодните метеризи гробиштата, ами гледајќи дека јузбашијата ги напушти истите за да му помогне на Расимчауш, сега тој зазеде тука позиција, надевајќи се дека главната сила со војводите е тука за да ја продолжи борбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но која од овие можности ќе биде применета, требало да одлучат британските офицери за врска “имајќи ги предвид локалните околности“ имајќи предвид дека главната цел била да се “охрабрат Бугарите да се повлечат од српска Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
ГРИНАВЕЈ: Сигурно се сложувате дека главните прашања на европската култура, и на филмот секако, речиси отсекогаш, се сексот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сфаќам - да! - дека главната причина зошто пишувањето за дрогите и не е толку добра идеја е флуидот во кој нештата се случуваат без смисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пишувањето ми доаѓа супер како последно прибежиште, како олеснување, правејќи нештата да се тркалаат во просторот лесно, забавно, брзо, полни со потенцијал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од тој аспект симптоматичен е пред сѐ расплетот на филмот, самоубиството на таткото по паѓањето на авионот во морето, откако ќе види дека главниот јунак и неговата ќерка се заедно и безбедни: на ниво на површна шпионско-политичка приказна овој самоубиствен потег е претеран, премалку основан, но ако ја земеме предвид либидиналната напнатост на филмот, тој е сосема разбирлив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Како што можете да видите, MacGuffin е всушност баш ништо.” MacGuffin значи одговара точно на она што во Лакановата теорија настапува како objet petit a, објект - причина за желбата, што само претставува „позитивизација на ништожноста”: чисто причинување, чијашто „реалност” е само во интерсубјективноста, во тоа што го поттикнува случувањето меѓу субјектите, празно место што делува како причина за желбата и е како такво ретроактивно воспоставено од желбата. (Кога сме веќе кај тоа, таа темелна логика на MacGuffin доаѓа уште појасно до израз во друга верзија на истата приказна: „Што има во пакетот на полицата?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кон нив биле приклучени и неколку богати македонски трговци, но тоа не го менува фактот дека главни носители на егзархиската политика во Македонија, против која се борела македонската интелигенција, биле познати интелектуалци дојдени од Бугарија и дека тие станале главни идејни носители и организатори на борбата против историски определената самостојна дејност на Револуционерната организација, т.е. против нејзиното основно програмско барање - по револуционерен пат да извојува политичка автономија за Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нашите семејни состаноци што татко ми ги закажува секогаш кога за тоа ќе се појави причина – било да е добра, или лоша, се такви: секој има право да го дополни главниот дневен ред, а него го составува претседавачот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив на утрешниот “састанак” овие мои дилеми да ги поставам на дневен ред, иако знаев дека главна точка ќе биде мојот случај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во суштина, сватив дека главен проблем ми претставува зимата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Односно, дека главниот проблем со работничките права е нивното кршење.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А јас верувам дека главната идеја што се ослободува од оваа книга е: „Да ги сакаме козите, да ги спасиме нашите кози, нашите пријателки, нашите хранителки”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)