дека (сврз.) - божји (прид.)

Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
17. Намерно не ви кажав а ќе ви кажам оти од вас ништо не кријам Дека се случуваше понекогаш да се состават некои парченца Од моите соништа од циклусот за пропаднатите империи И тогаш ќе го видев Цезар како ’рчи Ако не знаевте Цезар се брои како голем светски ’ркач А неговата љубовница Сервилија Цепонис мајката на Брут После ноќното следување бегала во соседната просторија Знаејќи дека Божјиот син спие гласно И дека молежливото опоменување ’рчиш Цезаре не помага И ќе го видев Цезар како плаче како мало дете Кога ќе се разбуди испотен и сам Плаче ту за малку мајчинска нежност ту за капка врело млеко од кобила
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И еден ден, кога логотетот го свика советот по прашање воено, тој на крајот, откако советувањето заврши, побара збор и рече: „Пресветол и најмудар логотету; долго време веќе мислам и размислувам дека ќе го навлечеме врз себе гневот Божји ако не постапиме мудро: Бог знак ни испрати со Филозофот, и неговите чудесни дела што ни ги покажа овде кажуваат дека божја волја е него да го примиме како тринаесетти мудрец во советот наш, со тебе вкупно четиринаесетмина да бидеме.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)