дека (сврз.) - прозорец (имн.)

Во мракот одвај можеа да ги забележат своите лица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Хајнерле рече: „Тоа беше птица, сигурно мислела дека прозорецот е друго небо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние двете се правевме дека не го слушаме кога додаде: “А толку би сакал да појдам во парк и да ги гледам птиците”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Истата таа вечер, кога се угаси светлината и кога Бути потона во мрак, причека малку семејството да си легне, внимателно го отвори прозорецот за да влезе свеж воздух и виде дека прозорецот отспротива сè уште беше отворен и дека малку подоцна (во темнината целиот се тресеше од возбуда) на тој прозорец се налакти жената, можеби од љубопитност да го види оној за кој ѝ зборуваа мајката и ќерката Нини.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)