дека (сврз.) - месечина (имн.)

Водството со 2:0 се случи во громогласен амбиент, кога цел свет му аплаудираше на Нил Амстронг кој стапна на месечината (добро де, не баш цел свет, оти имаше и такви кои мислеа дека е тоа холивудски трик, дури имаше и такви кои тврдеа дека месечината воопшто не постои, а и да постои – постои само во фантазијата на поетите).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Сум читал, вели Горачинов, дека месечината управува и со водата што е во нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вечерва за прв пат станав свесна дека Ромео е одвратен, стар и нашминкан дека месечината во овоштарникот е лажна дека сценографијата е простачка дека зборовите што морав да ги кажам не се вистински, не се мои зборови, не се тоа што сакам јас да го кажам.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)