дека (сврз.) - пие (гл.)

И сите ги гледаат и веруваат дека пијат чај, но само едно не им е јасно и се праша по некој: — Зошто, душко, овие луѓе пијат по пет шест десет чаеви наутро?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дик Хигинс рече дека изел парче muscaria и дека од тоа видел зајаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Морам да им кажам дека сум многу старомоден, практично пуританец, и дека единствено пушам како оџак - сега кога на секоја кутија цигари се наоѓа предупредување, на секоја цигара има по два филтера - и дека пијам кафе наутро, напладне и ноќе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ми потфрлуваше по некоја трошка од белиот прав во чашата со бело вино, мислеше дека нема да забележам, а јас му помогнав глумејќи дека пијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Често бев клеветена на моите од мајка ѝ дека пијам алкохол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И дека во истата чаша Соломон мудриот, поетот, и вино си турал и дека пиел, и дека во подоцнежните години од животот со многу жени се насладувал крај чашата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
У него се служи наливно пиво од непознат бренд и покрај тоа што сите мислат дека пијат Стела.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Кога стигнаа на аеродромот, Елена ѝ даде и некој лесен седатив, иако знаеше дека пие лекови, што ѝ ги препорачува лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас се преправив дека пијам и брзо истрчав пред сите, се скрив зад дрвото на улицата и чекав што ќе се случи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Испадна дека тој говор не беше потребен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Измислив приказна за мајка ѝ која умира во Феникс, за работата што пропаѓа, дека пијам премногу и размислувам за самоубиство, уништување и судниот ден, и дека морам да разговарам со Бреда уште еднаш пред крајот, и дали таа случајно знае каде е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бреда беше на телефон. „Бреда, јас сум“, пелтечев. „Збудалев барајќи те.“ Тишина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)