дека (сврз.) - исчезне (гл.)

Ја мразев својата пречувствителност, треперев и посакував да можам да си го задушам треперењето, се самосожалував и си го мразев самосожалувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој момент ми се чинеше дека сиот свет ми се урива, дека исчезнува засекогаш прекрасниот сон што го сонував со месеци наназад.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но можеме и обратно да кажеме, дека исчезнува тенката суптилна трака на глупоста којашто нѐ штити од убиствените зрачења на интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
При тие понижувања молчев, и чувствував како нешто ме клука во градите, тоа чувството на отфрленост го зариваше својот клун во она што трепереше во моите гради, а она клуканото плачеше со плач на новороденче оставено само, на кое му се чини дека исчезнал сиот свет околу него затоа што пред своите очи ја нема мајка си; така плачеше нешто во мене – јас не плачев, само некаков израз на мачнина ми го гмечеше лицето, како околу вратот да ми беше обесен камен и да бев осудена со него така да врвам низ детството а и потоа; го среќавав тој израз секојпат кога ќе се погледнев во огледало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)