дека (сврз.) - заслужи (гл.)

Ако печатениот хаос околу мојот кревет означува било што од ова што го наведов, претпоставувам дека заслужува да му се простат неколку утрински сопнувања. Katie Lynes, Canadian Forum илустрација: Џон Викс 80 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ПОВТОРНО ЗА ЕВГЕНИЈА ГРАНДЕ (фрагмент) Да завршиме: мене исто така ми се допаѓаат оние поглавја на Rayuele*** за кои критичарите се согласија дека заслужуваат внимание: концертот на Берта Трепа, смртта на Рокамадур.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понекогаш имам извесни огради спрема овие луѓе, но верувам дека заслужуваат да се заземам за нив, зашто никој, ниту во последниов век, ниту во вековите наназад, не се зазел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој рече: „Од тебе барав само да ми дозволиш да испијам едно шише вино од твојот папок; но ти не дозволуваш; и самата знаеш, Луцијо, дека заслужив многу повеќе од тоа што го барам.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кој ќе дојде на мое место?“ - прашува запрепастено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му држат лекција дека беше дрзок, дека почна да работи надвор од наредбите и интересите на Рајхот и дека заслужува казна за дрскоста да одржи тајна средба со новиот грчки прв министер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знам дека заслужив никогаш да не прозбориш со мене, да не ме погледнеш, иако тоа што го сторив, го сторив најдобронамерно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
По последниот разговор, во собата одново завладеа непријатната тишина, но овојпат морав некако да ја нарушам поради тоа што ако ништо друго, ќе одекнеше уште посилно бунењето на моите црева, па се поднасмеав и истакнав дека навистина тетка Олга е најчистата жена што ја познавам и дека заслужува сигурно и оваа година да победи, а и дека оваа супа што ја гледам пред мене е веројатно највкусната супа на светот и свечено ја наполнив лажицата, ставајќи огромно парче бело месо во устата потопено во ориз и во солена вода.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па и да бев говедо затоа што ѝ ја затнав шолјата, зар сум дебел?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А лично сметам дека заслужуваат да бидат ставени на хартија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во нив има толку многу милосливост и добрина!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)