дека (сврз.) - говори (гл.)

Нивната пресретливост беше уште поголема кога дознаа дека говорат пред претставник на печатот и се трудеа да бидат поразбирливи во своите искажувања.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Бога се колнам, дека говорам вистина. Жена сум му, господин судија, на Павел Земанек; барем законски, јас сум му сѐ уште сопруга, иако тој веќе од поодамна не живее со мене и со Здењичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Велеше, како и онаа вечер кога го загубивме, дека светот му изгледа страшно стар, и дека бојата на предметите и мирисите, како што минуваат годините – слабеат; дека има потреба да се врати назад, барем во детството; го гледав и забележував дека и двајцата тонеме постепено во некакво неодредено опуштање, дека разговараме за суштински нешта, иако изгледаше дека говориме безначајни работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- ... Ги затвориле. Инспекторката вели дека говореле против црквата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, прво за случајот „Темплум”: претпоставувам дека говориш за една публикација од 1993 во која се објавени мои стрипови, цртежи и графики, без моја желба и знаење, под наслов Love, Girls & Fast Cars, заедно со поговор (потпишан со псевдоним).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Што се случува? - Детено вели дека говорат со мајчичката божја, а чичко Адам - дека играат циркус.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но дури сега, откако се случи трагедијата, сфаќам дека говорел нешто сосема јасно и разбирливо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Брат му го забележа тоа; се заджа да не ја прати во неврат својата стрпливост. „Една стрнка моли за прием, другар началник“, понизно рече девојката со толку слаб глас што изгледаше дека говори од зад некој ѕид. „Нека причека“, рече брат му и ги собра актите во фиока.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)