дали (сврз.) - тоа (зам.)

Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се поставува прашањето само, дали тоа озаконување е во наша полза, зашто велат оти Бугарија ни направила многу добрини и ќе ни направела уште.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега останува да се реши дали тоа неутрално колце стои осамотено со одделна боја од другите колца или има и други колца со истата боја или со поблиска до неа отколку од една страна со централното македонско наречје, од друга со источнобугарското наречје или со српскиот јазик кај Вук Караџиќ, ќе видиме оти сите македонски наречја се поблиски до централното македонско, а не до централните наречја на другите јужни Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Времето ќе покаже дали тоа било моментална треска или нешто позначајно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)