бидејќи (сврз.) - сѐ (прил.)

Чувствуваме страстно задоволство, специфично локална наслада, додека пред нас се одигруваат колективни ритуали на транспаренција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
— Што ал правиме за леб, бре Толе? — почнаа да се тапкаат војводите кога погладуваа два три дена, бидејќи сѐ што носеа резерва на шесте маски се изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тета почна да плаче, а јас не знаев зошто тоа го прави, бидејќи сѐ добро заврши.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако сакате да се откриеме побргу, да пратиме некого од четниците, но само побргу да се откриеме, a за донесување леб ни збор да не става.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, бидејќи сѐ уште сум жива, тоа, ете, и не било толку опасно по живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но можеби и ја примиле пораката од пиратот, бидејќи сѐ уште никој не дошол да ме побара, а веќе помина цела година.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)