бидејќи (сврз.) - пак (прил.)

Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се исплаши, брзо го запали кандилото, но бидејќи пак се смири, не го разбуди.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
51. Токму тоа и се случи подоцна: првин се одеше кон поделба на Македонија на сфери за влијание, а потоа кон поделба на териториите, коешто и доведе до новиот “Договор за пријателство и сојуз помеѓу Кралство Србија и Царство Бугарија” од 29.2.1912 год. што всушност, како што вели М.Миловановиќ, беше “српско-бугарско-руска балканска спогодба”, бидејќи беше постигнат со активното посредство на Русија и бидејќи пак рускиот император беше признат како врховен арбитар за сите спорни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)