бидејќи (сврз.) - никогаш (прил.)

Мислев дека е добар поет и тоа и му го реков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(...) На мојата изложба во Ферус галеријата во Лос Ангелес отидов со комби, заедно со Вин, Тејлор и Џерард.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека сите беа убедени дека ми е страв од авиони, но не беше така - едноставно сакав да ја видам Америка, бидејќи никогаш порано не сум бил западно од Вирџинија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Непосредно пред да се оконча спорот во втор степен, а по завршувањето на нејзиното боледување, таа се враќа на работа и го известува раководството, дека таа нема да работи на работното место референт, како што тие сакаат – бидејќи никогаш, во нејзината долгогодишна кариера, не го работела тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Формирањето на СОЕ во летото 1940 година претставувало новост, бидејќи никогаш дотогаш не постоело едно тело кое било формирано и организирано со специфична задача да води акции и операции од таков тип на непријателска територија, на територија под непријателска окупација и во неутрални земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Најголемиот дел од она што сум го напишал се озна­чува како ексцентрично, бидејќи никогаш не правев јасни разграничувања помеѓу живеењето и пишувањето; иако живеејќи успевам да го прикријам непот­полното учество во сопственото опстојување, сепак не можам да го изнегирам во своето пишување, затоа што пишувам токму за да не постојам или за да не постојам половично.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Му се чинеше природно и неминовно таа да биде мртва бидејќи никогаш повеќе не ќе може да му биде сопруга и беше невозможно да биде жива, а да не му биде сопруга.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи никогаш дотогаш се немав заинтересирано каде е влезот на зградата во која работев, иако луѓето кои честопати грешејќи ќе влезеа директно во мојата канцеларија, мислејќи дека тоа е вистинскиот влез, јас ги упатував странично, каде што и беше логично да биде влезот на зградата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
(...) Да не мислиш на чувството дека ликовите од расказите ти се обраќаат тебе и само тебе, а дека ти не можеш да им помогнеш (колку и да сакаш), бидејќи никогаш не ја добиваш „целата“ нивна приказна?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А потоа, многу ми се допадна начинот на кој ми пријде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто го велам ова? Бидејќи никогаш не зажалив поради одлуката што ја донесов кога го прифатив неговиот предлог да тргнам со него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но бидејќи никогаш не е ништо сигурно во овој мал свет, одвај се осмелувам да ви речам дека јас сепак чувствувам големо олеснување!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немајќи обичај да пишува ваков вид писма, таа ми побара тоа да го направам за неа што многу радо прифатив, вие би се сомневале, се разбира, надевајќи се дека...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Браво! Сум воскреснал нешто што никогаш не се загубило бидејќи никогаш и го немало!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се разбира, осетив олеснување затоа што се мртви, бидејќи никогаш ниедна не би можела да убијам, и да беа уфрлувани живи внатре, во кесата за прашина во правосмукалката, верувам дека повторно ќе ги доживував кошмарите како тогаш кога мојот маж се бореше со жолтите мравки во нашата кујна.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Што донекаде е точно бидејќи никогаш не е со двете наеднаш, а наизменичноста го движи светот од Тесла наваму.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таа и не забележала, бидејќи никогаш не би ни помислила дека Љупчо би можел да стори таква лоша работа: да краде од сопствените родители.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка му на Љупчо плачеше. Всушност, Љупчо призна, дека парите ги зел од оние што се за дневни покупки - за млеко, леб и друго.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
___ * Реки во јужна Русија ин а Кавказ
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
РОЗИТЕ НА ПРСТИТЕ НА АКСЈА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Брзаше да го истуриш срцето на белиот чаршав пред да те легнат на него пред да те пренесат по калдрмата и да те качат на високиот чардак таму негде во штипско Горно маало на улицата за која никогаш не беше слушнал Бидејќи никогаш и не слезе на земјата Бидејќи засекогаш остана седнат на коњот што бавно ја минува бескрајната степа на Кубан* Тој недооден пат Таа најдолга тажачка што некогаш сум ја слушнал
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)