бидејќи (сврз.) - неколкупати (прил.)

Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)