бидејќи (сврз.) - дотогаш (прил.)

Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа слика не ни мораше да прикажува дека постојат две бубачки, возрасна и кукла, бидејќи дотогаш веќе ги имав видено телата на обете.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Моравија презеле активности за организирање богослужба на словенски јазик, бидејќи дотогаш богослужбата се вршела на латински јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Јас бев возбудена, бидејќи дотогаш многу слушав за тој град.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)