бидејќи (сврз.) - денес (прил.)

Ако заведувањето игра на картата на претчувствување на она што во другиот останува вечно тајно за него самиот, на она што никогаш нема да го дознаам за него и што сепак ме влече како тајна, тогаш веќе не останува многу слободен простор за заведување, бидејќи денес другиот веќе нема многу тајни ни за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дека тоа не се само "теориски" бездни, разбираме подобро од нашите родители бидејќи денес се соочуваме со еден свет кој во многу нешта е тотално апсурден.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Сепак - заклучи Тронси - темата на текстот на Дектер ми се чини доста важна, бидејќи денес е толку вистина дека глупавоста е една оригинална и единствена димензија во полето на уметноста, што кога е во недостиг, мора да се бара во соседни полиња на изразување: најголемиот дел од специјализираните ревии за модерна уметност (Frieze, Artforum, итн.) побрзаа да зборуваат за Бивис и Батхед, американскиот телевизиски цртан филм, чија што глупавост (на главните јунаци, на дијалозите, на ситуациите) се чини бескрајна.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Изрази жалење, на пример, за некои „непристојни нешта“ што ги беше кажал за некои негови колеги философи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
4. Првата следна среда треба да отидете во градината на кафеаната која е најблизу до соборната црква во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, во градината на кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денес не би бил таков, бидејќи денес размислувам за личноста за која што пишувам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вам сонот и не Ви беше зададен за да го сонувате, бидејќи денес веќе никој не умее да го прави тоа, туку за да го запамтите добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)