бидејќи (сврз.) - тетка (имн.)

Последниот, најголем бран препотување го добив кога веќе завршивме со обилната вечера и сите седевме врз столовите, офкајќи од прејаденост.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Саше ми е прв братучед, бидејќи тетка ми Ана ѝ е сестра на мајка ми, и само шест месеци е поголем од брат ми, ама со него можам да се дружам и да си играм исто како да ми е врсник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Братучед ми сигурно се вознемири затоа што шепотот му прејде во тивок, од нервоза растреперен говор: - Не сум стоел јас кога сум мочал, тоа... - не успеа да се доискаже бидејќи тетка ми го прекина со едно гласно „шшшшшт!“ па братучед ми повторно повтори со шепот, како претходно да не го слушнале.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тета има обичај да каже, а, бре Алексо, син на мајка, да си ми здрав и жив, колкав си, а умот уште ти е детски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)