бидејќи (сврз.) - текст (имн.)

Главна цел на проектов (пак повторувам: во неговата техно-варијанта, бидејќи текстот првобитно и не беше замислен како хипер-текст) е што пошироко да ги искористи можностите на овој нов медиј - хипертекстуалноста, всушност да ги „размрда” сфаќањата за тоа што воопшто значи медиј и палимпсест, бидејќи во случајов станува збор за еден мултимедиски палимпсест (расказ, предавање, епистоларна исповед, мала илустрирана енциклопедија, стрип, филм - овој проект едновремено е сето тоа, без да биде заробен во оклопот на било која од наброените форми).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа, не би сакал да го задржам тој израз “покажување”, бидејќи текстот не покажува, или покажувајќи тој има учинок на исчезнување или укажува на нешто друго.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како филозоф кој е воден од интересот за умот и за вистината би одговорил на Вашето прашање, дека е така бидејќи текстовите по мое мислење така егзистираат и така се читливи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)