бидејќи (сврз.) - творец (имн.)

Бидејќи творецот е одвоен од делото, тој не се ни обидува да ги поправи грешките што медиумот сам ги прави.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ваквиот медицински модел на професионален прејудициум, модерната психологија не може да го прифати, бидејќи творецот, иако во текот на процесот на создавањето поминува низ епизодични состојби на душевна абнормалност, ретко губи доверба во себе, додека невротичарот или друга душевно болна личност не верува ниту во себе ниту во светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овој концепт нај­добро функционира токму во Ворхоловите филмови: кај него грешките идеално се вклопуваат во неговата тогаш веќе воспоставена естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)