бидејќи (сврз.) - власт (имн.)

За него поимот милетt во генезата си ја имаше својата непостојаност и променливост, поради функцијата на милетот да има јуриздикција над прашањата од верски и световен карактер, а бидејќи власта не била издвоена од религијата, постоела неодредена синтеза на двата елемента, што придонесувало за немоќта на поимот да ја изрази семантичката променливост на поимот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А бидејќи власта нам не ни оди од рака, ние ве молиме, господа, странци, дојдете да ни помогнете!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како дипломец на шеријатското и модерното право, Татко отсекогаш ја чувствувал тежината на милетот во сите фази од својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, бидејќи властите не знаеле и не можеле да откријат ништо за конспиративната дејност на уапсените, по интервенција на бугарскиот дипломатски агент во Цариград, решиле да ги ослободат, и тројцата, како бугарски граѓани, да ги протераат во Бугарија, а П. Шатев во родниот град Кратово.57
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Творештвото во науката и уметноста ни останува нам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)